Велика Британија остро ја сече социјалната помош

Од:

Британската Конзервативна влада ќе скрати уште 10 милијарди фунти годишно од пресметките за социјална помош, а министерот за финансии Џорџ Озборн најави и други резови во следната фаза на штедење ако британците повторно ги изберат конзервативците.

Изборите во 2015. веројатно ќе одлучат за здравјето на економијата и прашањето за тоа со која брзина треба да се борат против дефицитот и во која област на даночната политика и трошењето пари ќе се фокусираат партиите заради балансирање на јавните финансии во Велика Британија, пишува Ројтерс.

Конзервативците, кои тврдат дека економскиот раст ќе го намали дефицитот и ќе им помогне да ги добијат следните избори, се борат со рецесијата и серијата грешки поради кои во анкетите имаат дури десет отсто помала поддршка од лабуристите.

Министерот за финансии Џорџ Озборн и премиерот Дејвид Камерон сакаат да ја искористат годишната партиска конференција во Бирмингем за да и испратат слика на британската јавност за мудрата економска политика и да ја вратат подршката. Тие се надеваат дека гласачите ќе бидат задоволни со дополнителното намалување од десет милијарди фунти за социјална помош, бидејќи оваа област медиумите често ја прикажуваат како легло на готовани и расипници.

Ние му ветивме на британскиот народ дека ќе ја поправиме уништената економија. Ќе ја завршиме работата која ја започнавме, рече Озборн, кого во септември за време на доделување медали на Параолимписките игри во Лондон, толпата го исвирка.

Би можело да ве интересира

Масовно затворање пабови во Англија

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја