Велика Британија одложува гранични проверки по Брегзит до крајот на 2023 година

Од:

Властите во Велика Британија денеска објавија дека одложуваат до крајот на 2023 година дел проверки на увоз од Европската унија, што се потребни според трговските правила по Брегзит, наведувајќи го како причина – економското нарушување предизвикано од војната во Украина.

Тоа е четврти пат Велика Британија да ги одложи проверките на кои се согласи како дел од договорот за „развод“ со ЕУ. Двете страни се расправаат откако Велика Британија го напушти блокот од 27 нации за новите аранжмани, со сет на специјални правила за Северна Ирска кои се покажаа како особено тешка точка.

Откако Британија го напушти единствениот пазар на ЕУ на крајот на 2020 година, увозот од блокот би требало да биде предмет на исти проверки како и стоките од секаде во светот. Но, додека некои контроли беа воведени од Лондон, други беа одложени.

Британската влада соопшти дека мерките што требаше да стапат на сила од 1 јули – вклучително и физички проверки на свежа храна и забрана за колбаси и смрзнато месо од ЕУ – „нема да се воведуваат оваа година“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година