Велика Британија од следниот месец ќе се подготвува за Брегзит без постигнат договор

Од:

Британската премиерка Тереза Меј денеска ќе ја предупреди Владата дека Обединетото кралство ќе треба да се подготвува за Брегзит и без договор доколку до 1 декември не биде постигната согласност со ЕУ, објави „Фајненшл тајмс“, повикувајќи се на владин претставник.

Се очекува Меј да им порача на министрите дека доколку не го поддржат нејзиниот предлог за Брегзит нема да се случи планираната средба на лидерите на ЕУ на која треба да се одобри договорот за излегувањето на земјата од Унијата.

– Кабинетот ќе треба да одлучи во следните седмици дали Брегзит без договор ќе биде главното сценарио за излегување од Унијата, изјави за „ФТ“ неименуваниот владин претставник. Тој истакнал дека 1 декември е датумот кој се споменува.

Друг владин претставник рекол дека последната недела од ноември и првата од декември се сметаат за „црвената зона“ кога ќе бидат донесени тешки одлуки за напуштање на ЕУ без договор.

Весникот наведува дека и доколку во ноември биде постигнат договор со ЕУ, подготовката за напуштање на Унијата без договор ќе продолжи, затоа што тој треба да биде одобрен од парламентот во декември, а Владата не е сигурна дека ќе ги обезбеди неопходните гласови за тоа.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски