Велика Британија не прави доволно напори за помош на милиони деца, кои страдаат од воени конфликти и нема стратегија во таа област, се наведува во денеска објавен парламентарен извештај.
– Регистриран е рекорден број деца, кои се раселени, регрутирани во вооружени сили и групи и жртви на ужасни акти на насилство и малтретирање, изјави претседателот на парламентарната група за заштита на децата во вооружени конфликти Фиона О’Донел.
Во парламентарниот извештај се нагласува дека децата се напуштени и дека не се прави доволно за нивна заштита.
Според документот околу 230 милиони деца живеат во држави зафатени од вооружени конфликти, а 20 милиони се принудени да ги напуштат своите домови поради борби.
Во изминатата деценија над 2 милиони деца се загинати во конфликти, а милиони се сериозни повредени или имаат трајни повреди како разултат на вооружени судири, покажува извештајот.
Според праламентарниот извештај меѓу 2007 и 2012 година само 0,6 проценти од собраните од ОН 24 милијарди долари за дејствување во одговор на вонредни ситуации се искористени за заштита на деца.