Велика Британија може да се справи со сончева супер бура

Од:

Доколку Земјата биде погодена од една сончева супербура, последиците врз Велика Британија би биле тешки, но нема да бидат катаклизмични, тврдат британските научници од Кралската академија за управување и инжинерство.

Во нивниот извештај околу тоа како Велика Британија би се справила со една моќна соларна бура и радијацијата што од тоа ќе произлезе, научниците оценуваат дека британската инфраструктура би била солидно подготвена. Научниците споменуваат сериозно пореметување на електросистемот и снабдувањето со струја, како и блокада во работата во повеќе области.

Проблеми би имало во секторот на комуникациите, би настрадало функционирањето на ГПС системите и тоа би траело неколку денови. Тешко би бил погоден целиот воздушен сообраќај, поради проблемите со врските и комуникациите, како и системот на кои работат авионите, но експертите уверуваат дека сите овие случувања и пореметувања е добро што ќе настант одеднаш, од тоа луѓето да се соочат со една или две големи несреќи кои би биле сериозен тест за општеството.

Сончевата бура би можела да се спореди со ерупцијата на вулканот на Исланд од 2010 година, по што настана серија од пореметување и проблеми, главно во авионскиот сообраќај, по што за кратко беше пореметен нормалниот живот на луѓето.

– Тоа се сепак, состојби со кои луѓето ќе може да се справат, вели Пол Кенон еден од авторите на истражувањето.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно

Руските космонаути со нов рекорд во вселената

Предраг Петровиќ

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on