Велика Британија ќе започне со имунизација со вакцината на Оксфорд во јануари

Од:

Велика Британија ќе започне со имунизација на граѓаните на 4 јануари идната година, со вакцина против Ковид-19, изработена од Универзитетот Оксфорд, објави „Сандеј телеграф“.

Владата се надева дека во текот на наредните две недели ќе започне имунизацијата на два милиони граѓани со вакцина што ја создаде Универзитетот Оксфорд со компанијата „Астразенека“ или со вакцината изработена од компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, објави Ројтерс.

Вакцината на Оксфорд треба да биде одобрена за употреба во следните неколку дена, според „Сандеј телеграф“.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година