Велика Британија ќе воведе имигрантски биометриски карти за Романците и Бугарите

Од:

Британската Влада подготвува нови мерки за контрола на приливот на имигранти од Романија и Бугарија, откако на 1 јануари 2014 година ќе заврши седумгодишниот „преоден“ период, што беше воведен откако на 1 јануари 2007 година, кога овие две балкански земји влегоа во ЕУ.

За Бугарите и Романците се подготвуваат биометриски карти на кои ќе бидат основните биометриски податоци, како отисокот на палецот и показалецот, дигитална фотографија на лицето и електронски потпис. Вакви биометриски карти сега поседуваат лицата кои имаат постојано жителство во Велика Британија, но не се британски државјани.

Покрај ваквите карти, Бугарите и Романците при секое влегување во Велика Британија на граничните премини и при пасошката контрола, ќе мора да даваат и отисок од палецот и показалецот за да се потврди нивниот идентитет.

Во британската јавност постои страв дека по симнувањето на досегашната забрана што во Велика Британија беше воведена пред крајот на 2006 година, за бугарските и романските државјани, уште пред тие да влезат во ЕУ ќе уследи нов наплив на источноевропски имигранти, сличен на оној со Полјаците, по мај 2004 година, кога оваа земја стана полноправна членка на ЕУ.

Тогашната лабуристичка влада веруваше дека во земјата нема да влезат повеке од 15 илјади имигранти од Полска, но во првиот бран влегоаа неколку стотина илјади луѓе, а на крајот се тврди дека дошле дури еден милион Полјаци, со намера не само да работат,туку и да се населат во Велика Британија.

Големиот наплив на источноевропски имигранти, а убедливо најмногу на Полјаци, предизвика криза во британските социјални фондови, како и проблеми при вработувањето, распределбата на социјални станови и јавните училишта. Таквата ситуација предизвика да се донесат ограничувањата за Бугарите и Романците, кога нивните земји влегоа во ЕУ.

Според британски експерти за имиграција, стравот од укинувањето на ограничувањата за лушето со бугарски и романски пасоши го предизвикува сознанието дека Романија и Бугарија „неконтролирано“ делат државјанства и пасоши и за жители од Молдавија, Македонија, Србија и Украина кои на „мала врата“ влегуваат во земјите на ЕУ и на Велика Британија.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство