Велика Британија ќе потроши 700 милиони фунти за обезбедување на границите по Брегзит

Од:

Велика Британија до крајот на годината планира да потроши 705 милиони фунти за создавање погранични контроли по Брекзит, соопшти владата.

Владата ќе инвестира во нова инфраструктура, царинска технологија и работни места „за да се осигура дека границите се подготвени за целосна независност“, изјави британскиот министер за Брегзит, Мајкл Гов, пренесе „Телеграф“.

Гов кажа дека парите ќе „обезбедат границата на Велика Британија да бидат подготвени кога земјата ќе ја преземе контролата на 1 јануари 2021 година“, додавајќи дека Брекзит е „нешто како преселување“.

На 31 јануари годинава Велика Британија и официјално ја напушти Европската унија, откако на референдумот во 2016 година за оваа идеја гласаше тесно мнозинство.

Има многу мали промени за време на планираните преодни 11 месеци за кои Гов и премиерот Џонсон рекоа дека нема да бидат продолжени и покрај недостатокот на напредок во преговорите засенети од кризата со коронавирус.

Гов во неделата истакна дека владата не се плашеше да ја напушти Европската унија без договор за идна трговија.

„Во тек сме на интензивни преговори да ги постигнеме најдобрите можни трговски услови со соседите од ЕУ, но нема да се повлечеме кога станува збор за најважните принципи за кои земјата гласаше кога решивме да ја напуштиме Унијата“, напиша тој.

„Без оглед на природата на нашите трговски односи со ЕУ, ние ќе бидеме надвор од единствениот пазар и царинската унија – што значи дека ќе бидат неопходни подготовки за нови договори за извоз и нови гранични процеси, без оглед на тоа дали ќе донесат преговорите“, рече Гов.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година