Велика Британија ќе одобри 160 милиони евра за борбата против еболата во Сиера Леоне

Од:

Велика Британија соопшти дека ќе одобри 160 милиони евра за помош на Сиера Леоне во борбата против вирусот на ебола,  најавено е на конференција во Лондон на која учествуваа министри, дипломати и санитарни власти од 20 држави.

Овие 160 милиони евра ќе бидат наменети за логистичка помош, а посебно за снабдување на болниците со околу 700 кревети, како и за финансирање на новите центри за лекување на заразените од овој вирус.

Според податоците на Светската здравствена организација, во Либерија недостасуваат околу 1.500 кревети, а 450 во Сиера Леоне.

Од вирусот на ебола во Сиера Леоне досега починаа 622 лица, а повеќе од 2.300 се заразени.

Според податоците на СЗО, во четирите африкански држави – Гвинеја, Либерија, Нигерија и Сенегал, регистрирани се 7.178 заболени и 3.338 починати.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година