Велика Британија ќе испрати војници во Тунис

Од:

Велика Британија ќе испрати војници во Тунис за да го спречи влегувањето на борци на Исламска држава од Либија, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.

– Тренинг група од околу 20 лица од Четвртата пешадиска бригада се распоредуваат во Тунис за да им помогнат на локалните власти во спречувањето на незаконското влегување преку границата со Либија, изјави Фалон во Парламентот.

Оваа одлука е донесена поради зголемената загриженост на Западот дека ИД се обидува да ја искористи Либија како база за планирање и извршување на напади.

Во јуни минатата година 30 британски туристи беа убиени од напаѓач исламист на плажа пред хотел на туниското медитеранско крајбрежје.

– Мошне сум загрижен поради ширењето на ИД по либиското крајбрежје и затоа интензивно помагаме при формирање на новата либиска влада, рече Фалон.

Тој додаде дека засега Велика Британија не планира да испраќа копнени воени сили во Либија.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година