Велика Британија ќе и предложи на ЕУ да го „олабави“ ембаргото за оружје кон Сирија за да може опозицијата да ја снабдува со опрема

Од:

Велика Британија ќе им предложи на земјите од ЕУ да го олабават ембаргото за воени испораки за Сирија, за на опозицијата да и испраќа воена опрема, почитувајќи ја забраната за нејзино снабување со оружје, соопштува денеска весникот „Тајмс“.

Министерот за надворешни работи Вилијам Хејг можно е во четврток да предложи омекнување на ембаргото, кога во Брисел ќе треба да се сретне со своето колеги од ЕУ.

Велика Британија и други членки на ЕУ во моментов на сириската опозиција и доставуваат средства за врски, електрични генератори, инсталации за пречистување вода….

Официјален Лондон во декември ја убеди ЕУ да го продолжи ембаргото врз испораките на оружје за Сирија не за една година, туку само за три месеца. Овој рок истекува на 1 март.

Обединетото кралство се надева дека дотогаш да ги убеди своите партнери да ги сменат условите на ембаргото.

Според „Тајмс“, Хејг смета дека Германија и Франција ќе ги поддржат напорите на Лондон во овој правец.

Британскиот шеф на дипломатијата во Брисел ќе вложи напори на своите колеги да им докаже дека опремата нема да се доставува на исламистички борци, како што се тие од организацијата „Џебхат ан Нусра“, што од САД е прогласена за терористичка организација, прогнозира „Тајмс“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он