Британската Влада одлучи да ја зголеми воената помош и поддршката што и ја дава на Франција во нејзината интервенција во Мали во борбата со исламистичките сили.
На барање на француската војска, Велика Британија испрати еден шпионски авион, со петчлен екипаж, кој веднаш се вклучи во операциите.
Авионот обично лета на височина од околу 15.000 метри и тој треба да ја извршува истата работа што веќе ја правеше во текот на судирите во Либија и при соборувањето од власт на Моамер Гадафи.
Воени експерти во Лондон забележуваат дека Велика Британија ќе продолжи со воената помош, предвидувајќи дека на крајот Британците би можеле и воено да се ангажираат. Таквата оценка доаѓа по забелешките дека целата операција во Мали се движи премногу бавно и се повеќе се развлекува.
Експретите оценуваат дека се уште не се знае до каде Франција сака да се оди со операцијата во Мали. Британските воени власти веќе најавија дека се подготвува испраќање на воен персонал и тренери кои ќе ги обучуваат воените сили на Мали, во рамките на воената мисија на ЕУ во оваа земја, што почнува следната недела.
Во Мали веке има два воени британски транспортни авиони од типот „Херкулес“ за транспорт на војници и воена опрема. Премиерот Дејвид Камерон, претходно, изјави дека нема да има британски војници на фронтот во оваа западноафриканска земја, но се заложи на заедничка, остра пресметка со тероризмот на Ал Каеда во Северна Африка.