Велика Британија денеска соопшти дека испратила воен уништувач да го следи рускиот носач на авиони што плови во водите во близина на нејзиното крајбрежје.
Портпаролот на британското Министерство за одбрана изјави дека уништувачот „Змај“ е активиран во средата како одговор на приближувањето на руските специјални единици, вклучително еден руски носач на авиони „Адмирал Кузнјецов“.
– Тој е активиран вчера да ја пресретне специјалната единици Адмирал Кузнејцов, изјави портпаролот.
Адмирал Кузнејцов има капацитет да носи 26 борбени авиони и 24 хеликоптери.