А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Свет

Велика Британија и нејзините сојузници не се подготвени за модерно војување

by А1он17/06/2025 - 14:43151
Share0

Велика Британија и нејзините западни сојузници не се доволно подготвени за модерно војување, а особено за брзо распоредување на нови воени технологии, предупреди Грејс Кеси, член на тимот за стратешки одбранбен преглед (SDR) на британската влада.

Добивај вести на вибер

Стратешкиот документ, кој ги анализира клучните безбедносни закани за Обединетото Кралство, ја истакнува итна потреба од инвестиции во напредни капацитети, муниција и оружје со долг дострел, како и способност за брзо прилагодување на технологијата, пишува бриселскиот „Политико“.

Иако сите препораки беа усвоени, британскиот премиер Кир Стармер одби да се обврзе на зголемување на трошоците за одбрана на три проценти од БДП, износ што експертите го сметаат за минимум неопходен, пренесува Танјуг.

Каси, советничка на поранешниот британски премиер Тони Блер и коосновачка на CyLon Ventures, за Политико изјави дека војната во Украина покажала колку е брза и нестабилна иновацијата на бојното поле.

„Постои постојана борба за одржување на технолошката предност, но циклусите на иновации се исклучително кратки“, предупреди таа, наведувајќи го примерот со беспилотните летала кои можеби се ефикасни денес, но би можеле да станат неупотребливи во наредните недели поради промена на фреквенциите.

Кeси ги наведе бавните процедури за набавка, избегнувањето ризик и зависноста од неколку големи добавувачи како главни пречки.

SDR препорачува воведување на најновите технологии во рок од три месеци за да се биде во чекор со темпото на модерното војување.

Каси нагласи дека дури и драстично зголемување на трошоците без промена на пристапот би било недоволно: „Ако утре го зголемиме буџетот на пет проценти од БДП, но ги задржиме старите навики, сепак нема да бидеме подготвени“.

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, неодамна ги повика земјите-членки да ги зголемат трошоците за одбрана, предупредувајќи дека Русија би можела да биде подготвена за конфликт со НАТО во следните пет години.

Каси, сепак, забележува дека „сивите закани“ – сајбер нападите и заканите за критичната инфраструктура – се уште поитни предизвици.

natosojuznicivelika britanija

Би можело да ве интересира

Руте: НАТО подготвен за мисија во Ормутскиот теснец

Горан Наумовски09/04/2026 - 19:35

Раздорот во НАТО ескалира: Трамп бара одмазда

Горан Наумовски09/04/2026 - 18:10

Велика Британија стана директен учесник во конфликтот во Иран

Горан Наумовски05/04/2026 - 21:20

Келог: Време е за нов сојуз

Горан Наумовски02/04/2026 - 21:43

Лидерот на „Ватан“ објави платформа за излегување на Турција од НАТО

Горан Наумовски02/04/2026 - 18:34

Трамп: Ќе се повлечеме од Иран доста брзо, апсолутно размислувам за напуштање на НАТО

Предраг Петровиќ01/04/2026 - 15:4501/04/2026 - 15:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто