Велика Британија и Фокландите одбележуваат 40 години од победата во војната со Аргентина

Од:

Велика Британија денеска ја одбележува 40-годишнината од крајот на Фолкландската војна со Аргентина.

Ветераните попладнево ќе се соберат на церемонија во Националниот меморијален арборетум во централна Англија заедно со членовите на семејствата на загинатите војници.

Церемонијата ќе вклучи линк во живо со сличен настан од 1982 година на гробиштата во главниот град на Фолкландските Острови, Порт Стенли, каде што аргентинските сили се предадоа на 14 јуни 1982 година.

Шефицата на британската дипломатија, Лиз Трас, ќе им оддаде почит на ветераните.

-Фолкландските острови денеска напредуваат како дел од британското семејство. Тие се светол пример за слобода и демократија како самоуправна прекуморска територија, рече Трас.

Таа нагласи дека Велика Британија никогаш нема да се двоуми да ги брани Фолкландските острови и ја спореди аргентинската воена хунта пред четири децении со руската инвазија на Украина.

Во Фолкландската војна во 1982 година загинаа 255 британски војници, три жени кои живееја на островот и 649 Аргентинци.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот