Велика Британија го замрзна имотот на соработници на Роман Абрамович

Од:

Велика Британија го замрзнува имотот вреден 10 милијарди фунти (12 милијарди евра) на двајца руски олигарси кои се опишани како долгогодишни деловни соработници на рускиот милијардер и сопственик на Челзи, Роман Абрамович, соопшти денеска британското Министерство за надворешни работи.

Замрзнат е имотот на директорот на фудбалскиот клуб Челзи, Јуџин Тененбаум, кој ја презеде контролата врз компанијата Еврингтон Инвестментс поврзана со Абрамович, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Другиот санкциониран Русин е Давид Давидович, чии средства се замрзнати и му е забрането патување.

Британската влада соопшти дека мерките „ги намалуваат клучните извори на приход за воената машина на Путин“ поради руската инвазија на Украина.

Британската влада го замрзна имотот на Абрамович во март како дел од санкциите против богатите Руси тесно поврзани со Кремљ.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година