Велика Британија го именуваше денеска својот актуелен амбасадор во Франција, Џулијан Кинг за нов нејзин претставник во Европската комисија.
– Сер Џулијан Кинг е искусен дипломат, кој има посебно искуство во европските работи и премиерот (Дејвид Камерон) смета, дека тој ќе претставува силно зајакнување во комисијата, изјави портпаролката на Камерон, обрајќајќи се на новинарите.
Кинг ќе го замени Џонатан Хил, кој најави оставка на таа функција минатиот месец, непосредно откако Британците на референдумот на 23 јуни одлучија да ја напуштат Европската унија.