Велика Британија ги крши човековите права на затворениците, оцени Судот во Стразбур

Од:

Велика Британија ги крши човековите права на затворениците, со тоа што им забранува да гласаат, оцени Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Ова е најновата епизода од битката на британските политичари со европското законодавство во однос на прашањето за човековите права.

Со оваа судска одлука се става крај на случајот, покренат од десет британски затвореници, кои британската забрана ја оспорија во Стразбур со аргументот дека со неа се прекршува правото на слободни избори, гарантирано со законодавството на ЕУ.

Судот во Стразбур оцени дека забраната да гласаат е кршење на човековите права, но го отфрли нивното барање за отштета, нагласувајќи оти пресудата дека правата им се прекршени е доволна.

Судот по третпат се произнесува против Велика Британија по прашањето за забраната затворениците да го дадат својот глас на изборите.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон