Велика Британија формира нова агенција за борба против криминалот

Од:

Велика Британија формира нова агенција за борба против криминалот и најави промена во стратегијата за борба против организираниот криминал.

Според британските власти организираниот криминал ја чини земјата 24 милијарди фунти годишно и претставува опасност за националната безбедност.

Новата Национална криминалан агенција (НКА) за борба против организираниот криминал, која го доби името „Британско ФБИ“ од медиумите, ќе се фокусира на борба против организираниот криминал, економскиот криминал и кибер нападите. Агенцијата ќе биде задолжена и за контрола над границите и борба против злоупотреба на деца.

Генералниот директор на НКА Кит Бристоу најави нови односи со приватниот сектор и активна соработка со надворешни соработници.

НКА ќе има над 4.000 службеници, прв национален разузнавачки центар и национална единица за борба против кибер криминал.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца