Локалните власти во Велика Британија соопштија дека сиромашните наместо готовина ќе добиваат „бонови за храна“, ваучери за храна и други основни потреби, како дел од државните социјални реформи.
Голем број Британци со ниски приходи, кои примаат помош, повеќе нема да добиваат готовина од властите, туку платежни картици за храна, гас и струја.
Некои власти ќе нудат еднократни исплати за помош за мебел и опрема за домаќинства.
Велика Британија има национален социјален фонд што дава помали итни кредити за сиромашните за да им се помогне да ги пребродат кусорочните кризи, но тој фонд ќе биде укинат следната седмица.
Наместо тоа, локалните власти мора да „настапат“ со сопствени планови.