Ватикан за затворската казна за педофилот Џорџ Пел: Има право на жалба

Од:

Ватикан денеска внимателно реагираше на одлуката на Апелацискиот суд во австралиската држава Викторија да ја потврди затворската казна на кардиналот Џорџ Пел, кој е осуден за сексуално злоставување деца.

„Со оглед на тоа дека постапката продолжува, Светата столица потсетува дека кардиналот за време на судскиот процес цело време тврдеше дека е невин и тој има право да се жали до Врховниот суд“, се истакнува во писмената реакција од Ватикан.

„Светата столица во овој момент, заедно со Црквата во Австралија, ја потврдува својата блискост со жртвите на сексуално злоставување и својата обврска, по пат на надлежните црковни власти, да ги истражува оние свештеници кои извршиле такви злодела“, се наведува во соопштението.

Кардиналот Пел, некогашен министер за финансии на папата Франциск, во декември минатата година беше осуден на шест години затвор за злоставување на двајца 13-годишници во катедралата Свети Петар во Мелбурн. Апелацискиот суд денеска ја потврди казната, потсетувајќи дека тој останува уште најмалку три години во затвор.

Пел се жалеше до Апелацискиот суд, наведувајќи дека пресудата на поротата била „неразумна“, бидејќи се темелала на сведоштвото на само една од двете жртви. Другото момче почина во 2014 година од предозираност и никогаш не зборувал за злоставувањето.

Неговите адвокати соопштија дека ќе бараат преиспитување на одлуката на судот и ќе поднесат жалба до највисокиот суд на Австралија.

Пел е највисокиот ватикански претставник кој досега е осуден на затворска казна, а заради пресудата австралискиот премиер Скот Морисон порача дека ќе му се одземе и австралискиот Орден на честа.

Според важечката пресуда, можност за ослободување Пел ќе добие во октомври 2022 година, кога ќе има 81 година.

Би можело да ве интересира

Поведена истрага против жител на струшко Велешта за детска порнографија

Мајка пријавила дека скопјанец ја гушнал и бакнал нејзината малолетна ќерка

Пријава за двајца татковци од Прилеп и Тетово кои ги силувале своите малолетни ќерки

Предраг Петровиќ

Обвинение за 63 годишен, допирал 14 годишно девојче во воз

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Сталоне во Ватикан, разменија боксови со папата: Ги гледав твоите филмови

Предраг Петровиќ

Папата го прими актерот Силвестер Сталоне и неговото семејство во Ватикан