Ватикан стравува дека папата може да биде нападнат со дрон

Од:

Обезбедувањето на поглаварот на Римокатоличката црква стравува дека некои верски фанатици би можеле да го убијат папата Франциск со дрон, сличен на оној што албанските навивачи го пуштија на стадионот во Белград.

Припадниците на обезбедувањето велат дека не стравуваат од теористичките организации Ал Каеда или ИСИС, туку од фанатици кои сакаат да станат „маченици“ или да влезат во историјата по злосторство.

Обезбедувањето вели дека обичен дрон би можел да го загрози папата, на пример, кога сред плоштадот Свети Петар во Ватикан излегува меѓу насобраните верници. Доволно е дронот да понесе тежина од два килограми, колку што е тешка една солидна бомба, и со него прецизно да се управува на далечина од половина километар. /Meta

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска