Ватикан: Подготвена одежда за новиот папа

Од:

Нова бела одежда, со која одат свилена капа и црвени кожни чевли, подготвени се за следниот папа.

Иако кардиналите се уште не се собраа во Сикстинската капела за да изберат нов поглавар на католичката црква, кројачката работилница на семејството Гамарели, која повеќе од два века ги облекува папите, веќе подготви облека за наследникот на Бенедикт Шеснаесетти.

Како што пренесува АП, Гамарели денес ги претставија трите одори во три различни големини – мала, средна и голема, кои веднаш ќе бидат испратени во Ватикан.

Кројачката работилница Грамели, сместена зад Пантеон во Рим, крои и шие облека за кардиналите и папите уште од 1798. Единствен исклучок бил папата Пие XII, кој шиењето на својата облека му го доверувал на семејниот кројач.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска