Папа Франсис ги прогласи првите светци од кога дојде на чело на Римокатоличката црква, канонизирајќи околу 800 италијански маченици, кои во 15 век одбиле да преминат во ислам.
За светци се прогласени една Колумбијка и една Мексиканка, кои биле основачи на конгрегацијата, а починале во 20 век.
Повеќе илјади верници се собраа на плоштадот Свети Петар по повод службата за формално прогласување на светците, што беше одобрено и од претходниот папа Бенедикт ХVI, пренесе „Франс прес“.
Меѓу новопрогласените светци е и италијанскиот чевлар Антонио Прималдо, кој во 1480 година заедно со околу 800 италијани беше убиен од силите на Отоманското царство поради тоа што одбиле да преминат во исламот.
Канонизирани се и Колумбијката Лаура ди Санта Катерина да Сијена Монтоја и Упегуила и Мексиканката Марија Гвадалупе Гарсија Савала, кои своите животи ги посветија на сиромашните, болните и својот народ.
Голем број Мексиканци и Колумбијци допатуваа во Ватикан за да присуствуваат на канонизацијата.
Папа Франсис е прв поглавар на Римокатоличката цркава од Латинска Америка.
Елена Георгиевска