[staff name=”Елена Георгиевска” position=”Автор”][/staff]Папата Бенедикт XVI утре ќе одржи неделна миса на плоштадот Св. Марко во Рим, со која ќе започне „историската недела“ во Ватикан, бидејќи папата ќе ја одстапи светата столица, прв пат во последните 700 години.
Десетици илјади верници утре ќе се молат со папата, кој ќе им се обрати од балконот на плоштадот, но уште поголем број на католици се очекува во среда, во Рим, кога папата ќе го напушти местото подглавар на Римокатоличката црква.
Како што е најавено папата денес во протоколарна средба треба да го прими италијанскиот претседател Џорџ Наполитан.
Папата во понеделникот треба да се сретне со неколку кардинали, а среда е денот кога за последен пат од плоштадот ќе им се обрати на верниците.
Изборот на новиот папа треба да започне најрано 15 или најдоцна дваесет дена од напуштањето на светата столица.
За тоа време со Ватикан ќе управува италијанскиот кардинал Тарчизио Бертоне.
Сите останати кардинали според апостолскиот устав ќе престанат да ја извршуваат својата должност, освен Бертоне.