Ватикан: Ќе го исфрлиме секој кардинал кој ќе твита

Од:

Многу кардинали ги користат чудата на технологијата и се доста активни на социалните мрежи како Твитер и Фејсбук.

Кандитатите за Папа вчера ги испратија своите последни пораки до јавноста преку социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, а потоа заминаа во просторијата под клуч (латински „con clave“) каде што ќе останат до изборот на новиот папа, што е средновековна традиција.

Повеќето кандидирани кардинали во последните пораки праќаа молби да Господ да ги благослави со љубов и милост,да ги сослуша нивните молитви за среќен крај на конклавата.

Од 7 часот наутро, кардиналите почнаа да влегуваат во Ватикан, за да бидат сместени во домот св.Марта, а потоа замина на миса.

„Бог да не благослови“, напишал јужноафриканскиот кардинал Вилфрид Напиер, на илјадници негови „следбеници“ пред да влезе во изолација која може да потрае неколку дена.

Американскиот кардинал Роџер Махони, напишал: „Последниот твит пред да се сместиме во домот св.Марта и пред мисата за добар избор на папа. Првиот собир на конклавата ќе заврши попладне. Молете се за нас“.

Ватикан предупреди дека секој кардинал кој ќе биде фатен да твита ќе биде исфрлен.
Калуѓерката Мари Ан Валш, портпаролка на Американската архиепископија, рече дека е загрижена за кардиналите, бидејќи стравува дека во ерата на електрониката некои кардинали ќе бидат во криза без АјПад и Твитер.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска