Ватикан и САД ќе разменуваат информации

Од:

Ватикан вчера потпиша договор со американското Министерство за финансии за размена на информации. Договорот е потпишан во рамките на напорот на Светата столица да ги усклади своите норми со интернационалните, во сферата на перење пари и борба против тероризам.

Станува збор за четврт договор со кој Ватикан сака да ја поправи својата репутација во меѓународните финансиски кругови, по серијата скандали во врска со своите банки и перењето пари.

Договорот го потпишаа Рена Брулхарт од ватиканската финансиска надзорна агенција и Џенифер Шаски Калвери од американското Министерство за финансии.

Монетарниот комитет на Советот на Европа кој врши проценка на транспарентноста на работата на Ватикан, своевремено констатираше дека Светата столица е ограничена во можноста да ги подели информациите за финансиското работење, поради сопстените правила кои таквата поделба ја условуваат со постоење на билатерални договори.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Украинската амбасадорка за време на пресметката меѓу Трамп и Зеленски

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Тензични надвикувања, Трамп до Зеленски: Се коцкаш со Трета светска војна, не си благодарен

Предраг Петровиќ

Мексико екстрадираше нарко-бос и 28 други осуденици во САД

Стејт департмент: Русија и САД се договорија за нова средба

Трамп најави нови царини за Кина, одма пристигна одговор

Горан Наумовски

Завршија руско-американските разговори во Истанбул