Ватикан го поздрави планот на Обама за контрола на оружјето

Од:

Ватикан денеска го поздрави како „чекор во вистинската насока“, предлогот на американскиот претседател Барак Обама за контрола на оружјето заради намалување на насилството во САД.

Портпаролот на Ватикан, Федерико Ломбарди, изјави дека никој не треба да се лаже дека ограничувањето на бројот на парчиња оружје ќе ги спречи масакрите како минатомесечното пукање во училиште во Конектикат, при што загинаа 20 деца и шест возрасни.

Сепак, рече Ломбарди, Ватикан го поддржува апелот на американските верски лидери од Конгресот за ограничување на продажбата на огнено оружје, бидејќи, како што рече тој, американското општество плаќа „неприфатливата цена“ во форма на човечки животи.

Обама се обидува да обезбеди поддршка за забраната за продажба на полуавтоматско оружје на приватните лица и за проверка на сите досегашни продадени оружја, но се уште се соочува со отпор во Конгресот.

Би можело да ве интересира

За се виновни се САД: Работа е запрена, отпуштањата се неизбежни

Иран го отфрли директниот дијалог со САД: Не ја гледаме поентата

Најмалку 17 лица загинаа во невремето во САД

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

САД не и воведоа нови царини на Русија бидејќи не било соодветно додека траат преговорите за Украина

Горан Наумовски

Кина ја повика Америка на „еднакви консултации“ за царините