Ватикан бара прекин на сите судири во светот за време на финалето на Мундијалот

Од:

Ватикан денеска побара да бидат прекинати сите вооружени судири за време на мечот од финалето на Светското фудбалско првенство меѓу Германија и Аргентина, што ќе се одигра в недела на стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.

Советот за култура на Ватикан предлага за време на финалето на Мундијалот да се прогласи „Пауза за мир“ со што ќе им се оддаде почит на сите загинатите во воени конфликти.

Спортските настани претставуваа момент на мир, момент во кој војувањата треба да престанат, правило што датира уште од деветиот век п.н.е. за време на Олимписките игри, се наведува во соопштението на Советот.

Ватикан побара и финалниот меч да започне со минута молк во сеќвање на жртвите на судирите, но засега нема реакција од ФИФА на ваквото барање.

Во финалето на Мундијалот се среќаваат татковината на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти – Германија и татковината на сегашниот папа Фрациско – Аргентина.

Имаше идеја двајцата да присуствуваат на мечот, но тоа не му беше дозволено на поранешниот папа поради годините, како и поради фактот дека тој ниту еден натпревар не одгледал од почеток до крај.

За разлика од ова папата Франциско е голем љубител на фудбалот. Познато е дека како надбискуп на Буенос Аирес, тој бил страствен навивач на клубот Сан Лоренсо.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска