Вашингтон се заканува со санкции против секој поврзан со иранските дронови

Од:

Вашингтон денеска се закани дека ќе ја казни секоја компанија или земја што соработува со иранската програма за беспилотни летала, по неодамнешните руски напади врз цели во Украина со беспилотни летала за кои се верува дека се од иранско производство.

„Секој што спроведува активности со Иран поврзани со развој на беспилотни летала или балистички ракети или е вклучен во движењето на оружје од Иран во Русија, треба да внимава“, рече портпаролот на Стејт департментот, Ведант Пател.

„САД нема да се двоумат да прибегнат кон санкции или да преземат акција против главните одговорни“, рече тој.

Според него, целиот свет треба да гледа на зајакнувањето на врските меѓу Русија и Иран како сериозна опасност.

Повикувајќи се на информации од американските разузнавачки служби, портпаролот рече дека се покажало дека некои ирански дронови продадени на Русија лошо функционираат.

Според него, фактот што Русија ја снабдува Иран сведочи за огромниот притисок врз Русија по загубите во Украина и дека сега е принудена да прибегнува кон недоверливи земји како Иран за набавка на опрема.

Најмалку осум лица загинаа во руските напади со помош на беспилотни летала камикази утринава, од кои четворица во Киев, а енергетските капацитети беа оштетени во неколку области, една недела по серијата напади врз Украина, исто така во голема мера извршени со беспилотни летала.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија