Вашингтон повика на смирување на ситуацијата во Турција

Од:

Белата куќа ги повика сите страни во Турција да „ја смират ситуацијата“, пренесоа американските медиуми.

САД се уверени дека мирните јавни демонстрации „се дел од демократскиот израз“, изјави портпаролката Лаура Лукас.

Долгорочната стабилност на Турција најдобро се гарантира преку поддршка на основните слободи – на изразување, на собирање и на здружување.

Изјвата на Белата куќа во еден дел ги повикува силите за безбедност во Турција да „покажат воздржаност“.

Меѓународната организација за заштита на правата на човекот „Амнести интернешенел“ начинот на дејствување против опозициските демонстранти го оцени како „навистина срамен“.

-Јасно е дека употребата на сила од полицијата се должи не на неопходноста да се одговори на насилстото (какво што го има многу малку од страна на демонстрантите), туку на желбата да се спречат и обескуражат протести од секаков вид, изјави директорот на „Амнести интернешенел“ за Европа.

Организацијата ја обвини полицијата дека против демонстрантите употребува прекумерни количества солзавец и приведените ги држи без храна или вода по 12 часа.

Би можело да ве интересира

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Израел мора веднаш да се справи со „катастрофалната хуманитарна ситуација“ во Газа

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала ги погоди САД

Вашингтон пост: САД добија околу 500 извештаи дека Израел злоупотребил американско оружје

САД воведоа мерки против компании и поединци кои ги заобиколуваат санкциите против Русија

Горан Наумовски

Вашингтон не сака да му помогне на Пекинг да развие технологии кои се закана за САД