„Вашингтон пост“: Трамп не сакам Мачадо да е „шеф“ во Венецуела

Од:

Американскиот претседател Доналд Трамп наводно ја отфрлил можноста лидерката на опозицијата Марија Корина Мачадо да стане привремена претседателка на земјата, бидејќи минатата година ја прифатила Нобеловата награда за мир, дознава „Вашингтон пост“.

Според извори блиски до Белата куќа, Мачадо се обидела да го пофали Трамп откако ја примила наградата, но тоа не било доволно за да го задоволи американскиот претседател, кој јавно ја посакува наградата и верува дека ја заслужува.

Изворите го опишаа прифаќањето на наградата како „најголем грев“.

Трамп претходно изрази сомнежи за способноста на опозицијата, вклучително и на Мачадо, да ја преземат власта.

„Ќе ѝ беше многу тешко да биде лидер. Таа нема поддршка или почит во земјата“, рече Трамп.

Мачадо тајно ја напушти Венецуела минатиот месец со поддршка од САД за да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда за мир во Норвешка.

Нејзините помошници биле изненадени од коментарите на Трамп, според извор близок до нејзиниот тим.

Американските претставници велат дека богатите нафтени полиња на Венецуела му даваат на Родригез поттик да соработува со Вашингтон, но и алатка за притисок доколку одбие.

Трамп дури ја изрази својата намера да ја преземе нафтената индустрија на Венецуела и да им ги врати „средствата“ на американските компании чии договори беа поништени со национализација пред неколку децении.

Би можело да ве интересира

„Доста со наредбите од Вашингтон“: венецуелската лидерка со жесток говор се нафли на Белата куќа

Делси Родригез: Венецуела ќе соработува со сите земји, вклучувајќи ги САД, Русија и Кина

Мадуро испрати порака од затвор: Ќе продолжиме да се бориме

Трамп издаде извршна наредба за заштита на венецуелската нафта

Стејт департментот им советува на Американците во Венецуела веднаш да ја напуштат земјата

Азгади: Иран да примени „венецуелско сценарио“ кон Трамп