Русија му помага на Иран со тоа што му дава информации за локациите на американските воени објекти на Блискиот Исток, објавува „Вашингтон пост“, повикувајќи се на американски претставници запознаени со деталите.
Помошта, за која претходно не беше објавена, „сугерира дека еден од главните нуклеарни противници на Америка, кој поседува исклучителни разузнавачки способности, сега е вклучен во брзорастечкиот конфликт“, пишува публикацијата.
„Од почетокот на војната во саботата, Русија му обезбедува на Иран информации за локациите на американските воени објекти, вклучувајќи воени бродови и авиони. Се чини дека станува збор за прилично голема операција“, рекоа тројцата претставници.
Руската амбасада во Вашингтон не одговори на барањето за коментар од „Вашингтон пост“.
Москва, потсетува весникот, повика на крај на војната, која ја опиша како „неиспровоциран чин на вооружена агресија“. Степенот на руска насочувачка помош кон Иран останува нејасен.
Според претставниците, „способноста на иранската војска да ги детектира американските сили се намали помалку од една недела по почетокот на непријателствата“.
Во неделата, во напад со ирански беспилотни летала во Кувајт беа убиени шест американски војници, а неколку други беа ранети.
