Соединетите Американски Држави му дадоа на Израел помош од 6,5 милијарди долари од почетокот на војната на Блискиот Исток на 7 октомври, објави денеска Вашингтон пост, повикувајќи се на неименуван висок функционер во администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден.
„Ова е огромен, масивен потфат“, рече функционерот, додавајќи дека само минатиот месец на Израел му била обезбедена половина од споменатата помош, пренесува Ал Џезира.
„Вашингтон пост“ објави дека функционерот ја открил сумата за помош за да ја покаже длабочината на американската поддршка за Израел поради обвинувањата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека Вашингтон го задржува оружјето.