Вашингтон објави награда од 30 милиони долари за ликвидирање на терористичката мрежа „Хакани“

Од:

САД даваат награда од 30 милиони долари за информации за терористичката мрежа „Хакани“, со седиште во Пакистан, а која е поврзана со Ал Каеда.

Групата се смета да одговорна за десетици напади врз силите на НАТО во соседен Авганистан.

Стејт департментот дава до 20 милиони долари за лоцирање и евентуално апсење или неутрализирање на четворицата раководители на мрежата „Хакани“, што Вашингтон ја прогласи за странска терористичка група во септември 2012 година.

Наградата за апсење на лидерот на групата, Сираџудин Хакани, син на основачот Џалалудин Хакани, се зголемува од досегашните 5 на 10 милиони долари.

САД мрежата „Хакани“ ја сметаат за одговорна за најкрвавите и најголеми напади, извршени во Авганистан во изминатите 10 години, вклучително нападот врз воена база во Кемп Чапман кон крајот на 2009 година, при што загинаа седум службеници на ЦИА.

Би можело да ве интересира

САД: Крај на децениската имиграциска политика позната како државјанство со право на раѓање

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

САД најавија царини за стоки од ЕУ и Кина

САД се повлекува од Парискиот договор за климата

Имран Кан e осуден на 14 години затвор

Горан Наумовски

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски