Вашингтон и Сеул го осудија Пјонгјанг поради лансирањето ракети

Од:

Советникот за национална безбедност Џејк Саливан разговараше со колегата од Јужна Кореја, Ким Сунг-хан за лансирањето три ракети од страна на Северна Кореја, соопшти Белата куќа.

– Двајцата ги осудија дестабилизирачките балистички тестови на Пјонгјанг и се договорија да продолжат со соработка, се наведува во соопштението.

Северна Кореја истрела три проектили, за едниот се верува оти е интерконтинентален, само ден откако претседателот на САД, Џо Бајден, ја напушти Азија.

Според јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши, тестирањето балистички ракети на Пјонгјанг, е, „провокација што не може да се толерира“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Москва на Пјонгјанг ќе му подари авиони, а за возврат ќе добие војници

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Ким Јонг-ун нареди зајакнување на нуклеарните сили: „Мораме да ги завршиме подготовките за војна“