Варшава и Вашингтон договорија отворање бази во Полска

Од:

Полска и САД потпишаа договор за создавање бази на полска територија во кои ќе биде „стационирана американска воена техника“, соопшти синоќа полското Министерство за одбрана.

Како што јави ТАСС, со договорот, кој е склучен на ниво на владите на двете земји, се превидува Полска за стационирање на американска техника да ги отстапи воздухопловната база во Лакс, центарот за пешадиска обука во Дравско Поморские и воени комплекси во Сквежина, Чеханово и Хушча.

– Овие објекти ќе се користат за извршување заеднички одбранбени цели, се наведува во соопштението.

Договорот им овозможува на САД од својот буџет да издвојат средства за развој на неопходната инфрастуктура, но и да распоредат свои вооружени сили на територијата на Полска.

– Договорот исто така овозможува создавање на база со американска опрема на територијата на нашата држава, со што ќе се засили присуството на нашите сојузници и ќе се зголеми нивото на безбедност, како на Полска, така и на целиот регион, се додава во соопштението на полското Министерство.

Би можело да ве интересира

Косачев: Сите договори ќе бидат по наши услови

САД не беа поканети на тајниот воен состанок во Париз

Кина: Ќе ги заштитиме своите права и интереси

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Канада денеска ќе објави контра царини за САД

Горан Наумовски

Песков: Не ја исклучуваме можноста за наскоро средба меѓу Трамп и Путин

Горан Наумовски