Варшава бара објаснување од Берлин за навредите кон Качински

Од:

Полската Влада ќе побара официјално објаснување од Германија за маската на карневалот во Дизелдорф на која што на шеговит начин е прикажан лидерот на владејачката партија во Полска Јарослав Качински. Полскиот министер за надворешни работи Витолд Вашиковски најави реакција поради „непочитувањето кон Полјаците и полските политичари. 

Лидерот на партијата „Право и правда“ Јарослав Качински на маската е претставен како диктатор кој со ногата се потпира на женска фигура која што крвари а која што ја претставува Полска. На маската е претставено и „Радио Марија“ ултра католичка радио станица која што е најголем поддржувач на владата која што ја формираше Качински кој самиот не е дел од неа.
Полскиот министер е свесен дека на германските карневали преку сатира се критикуваат и други лидери и поради тоа реакцијата до Берлин ќе биде дипломатска за да не се наруши слободата на говор.

Германско – полските односи се во криза по изборот на партијата „Право и правда“ која дојде на власт во ноември по што веднаш беа направени низа законски промени кои што предизвикаа загриженост во ЕУ. Дел од германските политичари реагираа за новите чекори на Варшава кои што беа оценети како антиевропски и антидемократски по што од Полска дојдоа повратни критики и потсетување за германското нацистичко минато.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата