Ванс: Голем напредок во преговорите за Иран и Либан во Швајцарија

Од:

Американскиот потпретседател Џ.Д. Венс денес изјави дека е постигнат „значаен напредок“ во разговорите за Блискиот Исток, вклучително и за ситуацијата во Либан, како и во разговорите меѓу САД и Иран.

Зборувајќи во Биргеншток, швајцарско планинско одморалиште каде што се водат преговори, за време на разговорите со иранската страна за поширок договор за Блискиот Исток, Венс оцени дека САД се во „историски момент“ и изјави дека разговорите, со посредство на претставници на Пакистан и Катар, работат на „трансформација на Блискиот Исток“ и трајно подобрување на односите со Иран.

„Претседателот (САД) Доналд Трамп ни нареди да свртиме нова страница и да го промениме нашиот однос со народот на Иран“, рече Венс, додавајќи дека САД би биле подготвени фундаментално да ги променат односите ако Техеран се откаже од своите нуклеарни амбиции и од својата улога како „дестабилизирачки фактор во регионот“, објави CBS.

Би можело да ве интересира

Пезешкијан пристигна во Москва, утре ќе се сретне со Путин

А1он

Нетанјаху и командантот на ИДФ во судир околу операцијата против Иран

CNN: Армијата се подготвува за нов напад врз Иран

Трамп се изјасни: Кратко и јасно

Техеран прати закана до Трамп: Ако нè уништите, и други земји ќе ја платат цената

Седум танкери запалени или оштетени во Ормускиот теснец, расте стравот од нова ескалација