„Вангадрија“: Пуџдемон не се врати во Барселона од Брисел

Од:

Разрешениот каталонски премиер, Карлес Пуџдемон, не се врати во Барселона од Брисел, oбјави шпанскиот весник „Вангардија“. Во каталонската престолнина пристигнале само неговите поранешни советници, наведува весникот.

Весникот „Вангардија“, повикувајќи се на изјави на патници кои тврделе дека Пуџдемон е во нивниот авион, објави дека тој од Брисел се враќа во Барселона. Но, во Барселона пристигнале само поранешниот претседател на Каталонскиот совет за внатрешни работи, Јоаким Форн, и поранешната советничка за труд, социјални работи и семејство, Долорес Баша.

– Авионот веќе слета на аеродромот Ел Прат во Барселона. Во авионот сепак не се наоѓаше Карлес Пуџдемон, иако патници од истиот лет ги уверија новинарите од „Вангардија” во спротивното, напиша весникот.

Против Пуџдемон и неговите соработници е покренато обвинение за поттикнување на бунт, а секој од нив може да добие до 30 години затвор. Неодамна, Пуџдемон рече дека е подготвен да оди во затвор.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата