Ван Шак: Во случајот со Русија фаќањето на руските воени злосторници ќе биде предизвик

Од:

Руската воена агресија изврши ужасно погазување на меѓународните норми и задржувањето на обвинетите за воените злосторства претставува предизвик, изјави Бет ван Шак, специјален претставник на Стејт департментот за воени злосторства.

-Сигурно дека задржувањето на обвинетите ќе биде вистински предизвик, изјави таа на брифингот синоќа.

Според неа, работата за идентификација и повикување на одговорност за овие “страшни злосторства” ќе се одвива низ три правци – во судовите во Украина, во Меѓународниот суд за злосторства и во судовите на трети земји “кои би можеле да издејствуваат надлежност екстериторијално”.

На прашање од новинар дали обвинетите можат да бидат задржани таа рече дека тоа е возможно и го посочи примерот со Милошевиќ.

-Како што видовме во претходните конфликти, извршителите на воени злосторства неизбежно патуваат. Посебно по долго време – сакаат да посетат роднини или имаат други причини да заминат. Го видовме ова во контекст ма Сирија… Или со индивидуалци како Слободан Милошевиќ или Аугусто Пиноче, мислам дека тие никогаш не помислиле дека ќе се најдат во судница… но тоа се случи.

Во врски со тоа дали Владимир Путин може биде повикан на виновност за овие злосторства, таа одговори дека обвинувањата можат да одат до највисоките алки од ланецот на команда.

-Секако, ова ќе биде многу потешко доколку руските извршители останат во Русија и нема политичка промена во земјата… во спротивно пресудна е улогата на Интерпол со црвените забелешки и издавањето на налози за апсење, рече таа.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) 98-годишната Украинка Лидија го фасцинираше светот: Ја преживеав Втората светска воја, ова е полошо

Русија распиша потерница по Зеленски

Катерина Ѓуровски

Москва: Вежбите се доказ дека НАТО се подготвува за можна војна со Русија

ВИДЕО: Русите го нападнаа Харков, четоврица повредени

Катерина Ѓуровски