Ван дер Белен: Јагленот е само интервенција поради кризата

Од:

Австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, изрази разбирање за одлуката на австриската Влада за привремено реактивирање на електраната на јаглен, но кажа дека тоа е само интервенција поради кризата.

-Мора да биде јасно дека ова е само интервенција во кризата врз основа на моменталната ситуација, рече Ван дер Белен во изјава за АПА.

Според него, руската војна против Украина во основа ги забрза напорите за напуштање на фосилните горива.

-Сепак, неколку земји, вклучувајќи ги Австрија и Германија, се соочуваат со големи проблеми на краток и среден рок, рече тој за големата зависност на двете земји од рускиот гас и нафта.

Ван дер Белен рече дека тоа е краткорочно и дека мора да се инсистира на зборот, можеби различни земји ќе имаат потреба да се префрлат на фосилни горива, од кои се имаа откажано, за централите да се заменат на гас или нафта.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Паника во Европската Унија – доаѓа нов Орбан, склучил „пакт“ со Путин

А1он

(ВИДЕО) Австрискиот канцелар поднесе оставка, преговорите за коалициската влада пропаднаа

А1он

Австрија ќе почне да ги депортира Сиријците

Горан Наумовски

Австрија ќе го укине ветото за прием на Романија и Бугарија во Шенген

Фон дер Лајен: Европа има резерви на гас и покрај уцената на Путин

Русија ја прекина испораката на гас за Австрија поради спор околу плаќањето

Горан Наумовски