Валс: Отцепувањето на Каталонија од Шпанија може да ја уништи Европа

Од:

Отцепувањето на Каталонија од Шпанија не само што ќе предизвика економска катастрофа, туку може и да ја уништи Европа, оцени поранешниот француски премиер Мануел Валс во авторски текст за неделникот „Журнал ди диманш“.

– Каталонските лидери и самите Каталонцви треба да знаат дека одвојувањето од Шпанија значи излегување од ЕУ и од Еврозоната. Тоа ќе биде економска катастрофа, која веќе започна со заминувањето на некои компании, наведува Валс, кој и самиот потекнува од Барселона.

Според него, отцепувањето на Каталонија е во спротивност со историјата и идентитетот на народот во каталонскиот регион и може да доведе до распад не само на Шпанија, туку и на цела Европа.

– Тој пат значи уништување на Шпанија, уништување на Европа. Тоа е во спротивност со историјата и идентитетот на Каталонија. Силата на регионот е во тоа што тој во исто време е и каталонски и шпански и европски. Ако му одземеме еден од овие елементи, региониот ќе изгуби дел од идентитетот, оценува Валс во текстот.

Затоа, според него, треба „да се почитува Шпанија и да и се помогне на нејзината Влада“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски