Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Од:

Амбасадорот на Украина во Велика Британија и поранешен врховен командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи денеска изјави дека, по директното вклучување на рускиот сојузник во војната против Украина, може да се смета дека започнала Третата светска војна.

„Верувам дека во 2024 година, апсолутно можеме да тврдиме дека Третата светска војна започна. Затоа што во 2024 година Украина повеќе не се соочува со Русија. Војниците од Северна Кореја стојат пред Украина. Да бидеме искрени. Веќе во Украина има ирански „Шахеди“, тие убиваат цивили“, рече Залужни на доделувањето на наградата УП-100, пренесува Укринформ.

Според неговото мислење, повеќето од војската би се согласиле дека сите горенаведени фактори се причина да се каже дека светската војна започнала и дека светот треба да се подготви за неа.

Би можело да ве интересира

Сибиха: Веќе започнавме консултации со САД за новиот текст на договорот за ретки минерали

Шмихал: Украина очекува отворање на преговарачки кластери во наредните месеци

Анкета: Повеќе од 50 отсто од Украинците стравуваат од неправеден мир

Ритер: САД ќе се согласат со повеќето услови на Русија за решавање на конфликтот во Украина

Киев: Русите регрутираат млади државјани на Украина за терористички и диверзантски активности

Германија ќе и обезбеди на Украина повеќе од 11 милијарди евра воена помош до 2029 година