Поранешниот лидер на полското движење Солидарност и екс-претседател на Полска, Лех Валенса сака јавно да се „исчисти“ од обвинувањата дека бил соработник на тајната полиција за време на комунистичкиот режим, објавија чешките медиуми.
Како што јави дописникот на МИА, поранешниот полски претседател од раните 90-ти години на минатиот век планира да организира дебата, на која ќе учествуваат и историчарите кои тврдат дека тој бил таен агент со кодно име „Болек“.
Името на Валенса, кој е добитник на Нобеловата награда за мир, претходно веќе е „исчистено“ од полскиот Суд за лустрација, како и од Институтот за национално помнење, кој се занимава со истражување на активноситте од комунистичката ера.