Валенса: Лех Качински е виновникот за несреќата на полскиот претседателски авион во 2010 година

Од:

 Полскиот претседател Лех Качински, кој загина во авионската несреќа во 2010 годна кај Смоленск во Русија, самиот е виновен за тоа што се случи, напиша денеска на Фејсбук поранешниот полски претседател Лех Валенса.

– Капетанот на авионот секогаш го прашуваше претседателот за неговата одлука. И таму (крај Смоленск) нештата најверојатно се одвивале на истиот начин. Претседателот не требало да одобрува полетување на авионот, уште помалку да дава одобрување за слетување. Целата одговорност е на претседателот (Лех Качински), смета Валенса.

Како што јави ТАСС, Валенса семат дека рреба да се истражи „кој му помогнал на претседателот да донесе една толку неодговорна одлука“.

Локалните аналитичари во неговото остро пишување на Фејсбук гледаат уште еден последен потег во конфликтот на Валенса со лидерот на полската владејачка конзервативна партија Право и правда (ПиС), Јарослав Качински, брат-близнак на Лех Качински, кој загина во несреќата.

Во последните месеци, на иницијатива на ПиС во Полска повторно се разжести кампањата со обвинувања против Лех Валенса, дека во годините на социјализмот бил таен информатор на полската служба за безбедност под псевдонимот „Болек“.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата