Валас: Велика Британија испраќа помал број оклопни возила во Украина

Од:

Велика Британија ќе и испрати на Украина помал број оклопни возила „стормер“ опремени со лансери на противвоздушни ракети, изјави денеска британскиот министер за одбрана Бен Валас.

Тој додаде дека британските проценки покажуваат дека околу 15.000 руски војници и персонал загинале во конфликтот, додека 2.000 оклопни возила се уништени, вклучувајќи околу 530 тенкови и 60 хеликоптери и борбени авиони.

– Сега можам да му соопштам на Претставничкиот дом дека ќе донираме помал број оклопни возила со лансери на противвоздушни ракети, рече тој.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Порошенко: Избори за време на војната го уништуваат украинското единство и од нив корист ќе има само Русија

А1он

Руската одбрана уништи украински беспилотни летала над Русија

„Њујорк тајмс“: Бројот на Севернокорејци во Курск е преполовен

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Медведев: Опасно е Зеленски да биде реизбран, кловнот од Киев стана едноставно нелегитимен

Медиуми: На Велигден ќе се прогласи крај на војната во Украина