Клиничките истражувања во Турција потврдуваат дека вакцината на кинеската компанија Синовак е 83,5 отсто ефикасна против Ковид-19, што е значително поголем процент во однос на оној што е утврден на клиничките тестирања во Бразил, каде ефикасноста изнесувала 50,38 проценти.
Вакцината КоронаВак, произведена од Синовак Биотех, била 100 отсто ефикасна во спречување на хоспитализацијата, покажуваат податоците од третата фаза од истражувањето на престижниот Универзитет Хачтепе во Анкара.
Турција го започна тестирањето на вакцината од септември минатата година, а првичните резултати покажале дека КоронаВак е ефикасна 91,25 отсто.
Владата на Турција постигна договор за купување на 100 милиони дози од вакцината на Синовак и ја започна вакцинацијата на граѓаните во јануари.