Вакцината на германски „Бајонтек“ ќе биде евтина, со различни цени за различни региони

Од:

Германската компанија Бајонтех, која е прва во трката да обезбеди докази за ефикасна вакцина против Ковид-19, планира цената на двете дози вакцина да биде под „типичните пазарни нивоа“ и ќе има различни цени во земјите или регионите каде ќе биде пласирана.

Во говор на онлајн настан на „Фајненшл тајмс“, стратешкиот директор на германската биотехнолошка фирма Рајан Ричардсон рече дека цената на вакцината, која е заеднички развиена со „Фајзер“, но сè уште не е одобрена од регулаторните тела, ќе ги одразува финансиските ризици на инвеститорите од приватниот сектор, и ќе биде во согласност со состојбата во која се наоѓа светот во моментов.

– Се обидовме да спроведеме избалансиран пристап кој ќе препознае дека иновациите бараат капитал и инвестиции, па затоа планираме цената на нашата вакцина да биде далеку под типичните стапки на пазарот, одразувајќи ја ситуацијата во која се наоѓаме и со цел да обезбедиме широк пристап секаде во светот, рече Ричардсон.

– Очекувам да има различна цена во одредени региони во светот, додаде тој, одбивајќи да образложи за разликата во цените.

Американскиот „Фајзер“ и германскиот „Бајонтех“, по прелиминарните анализи во рамките на третата фаза од испитувањето, објавија дека нивниот кандидат за вакцина против коронавирусот има „90 процентна ефикасност“, што беше утврдено „седум дена по примањето на втората доза“.

Вакцината сè уште чека „зелено светло“ од здравствените власти, а „Фајзер“ и „Бајонтех“ најавија дека планираат да испорачаат 1,3 милијарди дози во текот на 2021 година.

Европската комисија е во преговори со овие компании за договор за испорака на 300 милиони дози за земјите-членки.

Вакцината веќе се произведува во Белгија и во државата Мичиген во САД.

– Веќе произведовме стотици илјади дози на двете локации, потврди Коен Колперт од белгиската компанија Фајзер за локалните медиуми.

Новата вакцина на „Фајзер“ и „Бајонтех“ бара складирање на ултра ниска температура од минус 70 степени Целзиусови, што може многу да ја комплицира нејзината испорака.

Според Гордон Дуган, професор на Универзитетот во Кембриџ, повеќето вакцини се чуваат на температура од плус 4 Целзиусови степени или пониска, но не и на минус 70 степени. Ова може да го отежни доставувањето на вакцината до болниците.

Мајкл Хед, виш соработник на Универзитетот во Саутемптон, исто така верува дека вакцината ќе се соочи со проблеми во логистиката и дистрибуцијата. Според него, складирањето на лекот на минус 70 степени е тешко да се постигне за британските медицински институции, и особено за други земји.

Според Александар Едвардс од Универзитетот во Ридинг, деловните субјекти и институтите за истражување брзо ќе реагираат на побарувачката за специјална опрема потребна за чување на вакцината.

Би можело да ве интересира

Европската агенција за лекови ја препорача адаптираната бустер вакцина на Фајзер

Русија разви вакцина против новите варијанти на коронавирусот

Катерина Ѓуровски

Германец примил 87 вакцини против ковид

Војската на САД работи на моќна супер-вакцина против коронавирус

Четвртата доза ја зголемува заштитата од тешка форма на Ковид-19 за трипати покажува израелска анализа

Досега во светот се администрирани повеќе од девет милијарди вакцини против Ковид