Вакцината на Џонсон и Џонсон во Франција ќе се дава само за лица над 55 години

Од:

Вакцината на компанијата Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во Франција ќе им се дава само на луѓе постари од 55 години, како што е случајот со АстраЗенека.

Употребата на вакцината на Џонсон и Џонсон е прекината во САД и Јужна Африка поради ретка појава на згрутчување на крвта, по што лабораторијата ја одложи испораката на оваа вакцина за еднократна употреба во Европа, четврта по ред која ЕМА ја одобри во ЕУ.

ЕМА ќе објави нова проценка за вакцината следната недела.

– Ја примивме првата пратка од оваа вакцина. Околу 200.000 дози пристигнаа на почетокот на неделата и ние само ја дистрибуираме до матичните лекари и аптеките, рече портпаролот на француската Влада Габриел Атал.

– Очигледно, ќе ја дистрибуираме и администрираме под истите услови како и вакцината на Астра Зенека, т.е. на лица постари од 55 години, истакна Атал.

Тој подвлече дека оваа вакцина, „покажува многу добри резултати и ефикасно штити од тешки форми на болеста“.

Би можело да ве интересира

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето